Search
Close this search box.

Утре во Кисела Вода ќе се одбележат 219 години од раѓањето на Александар Сергеевич Пушкин

Општина Кисела Вода заедно со Амбасадата на Руската Федерација во Македонија и оваа година по десетти пат ќе го чествуваат ликот и делото на големиот руски и светски поет Александар Сергеевич Пушкин.

Утре во Паркот Пушкин со пригодна свеченост ќе се одбележат 219 години од раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин. Во исто време, ќе се прослават и јубилејни 10 години од поставувањето на споменикот и оддржувањето на традиционалната манифестација „Пушкинови денови“.

На свеченоста која ќе започне во 19:30 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода и претставници на Руската Федерација во Република Македонија ќе положат свежо цвеќе пред бистата на Пушкин. По оваа манифестацијата „Пушкинови денови“ ќе продолжи со музички изведби, читање на руска поезија. Ќе настапат Рускиот вокален анасамбал Чајка, КУД Славјанка, Асоцијацијата по изчување на рускиот јазик Озарение, кореографското студио Лајф Витал, ученици од гимназијата Гоце Делчев од Куманово, победници на натпреварот за руска песна во Софија.

Воедно, на оваа културна манифестација ќе се изберат и 3 најдобри литературни и 3 ликовни творби. За таа цел, Општина Кисела Вода неодамна објави ликовен и литературен конкурс на тема „Ликот и делото на Александар Сергеевич Пушкин “ на кој учениците од VI – IX одделение од сите основни училишта имаа можност да се пријават. На самата свеченост од страна на градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски ќе бидат доделни благодарници на културните работници кои во изминатите години во континуитет учествуваа во чествувањето на ликот и делото на големиот руски и светски поет.

Имено, пред точно 10 години во 2009 година на иницијатива на Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, а во соработка со Општина Кисела Вода во паркот Пушкин кој се наоѓа во близина на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“, на улицата која го носи неговото име се постави споменик на познатиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин. Покрај ова, првиот иницијатор од кој произлезе идејата за поставување на споменикот е тогашниот претседател на Меѓународната федерација на Рускојазични писатели, Олег Воловик. Споменикот е подарок од Меѓународната федерација на рускојазични писатели, која обединува литератори од 52 држави во светот. Истиот го изработил познатиот руски скулптор, Леонид Ватник.

 

Споделете:

Scroll to Top