Search
Close this search box.

Советот на општина Кисела Вода ја одржа 34-та пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода

На 34-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 18.10.2015 година, беа усвоени следните точки:

– Усвојување на Записникот од 33-та седница на Советот;

 

1.Доделување   Благодарница на  Дејан Недев за особен придонес за развојот на спортот на територијата на Општина Кисела Вода;

2.Предлог-Одлука за именување претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;

3.Предлог-Одлука за давање на користење, одржување и управување на објектот – дел од ООУ ,,Св. Климент Охридски,, с. Драчево на Јавната детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

4.Предлог-Одлука за проширување на програмите за вршење на дејноста на Јавната детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје во објект дел од ООУ ,,Св. Климент Охридски,, с. Драчево, на Општина Кисела Вода во Град Скопје; 

5.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за третиот квартал од 2015 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за  извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2015 година до 30.09.2015 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;

6. Предлог-Програма  (J) – комунални дејности  на Општина Кисела Вода za  2016 година;

7.Предлог-Програма  Г1 – за локален економски развој  со Подпрограма ГД – проекти за енергетска ефикасност на Општина Кисела Вода за 2016 година;

8.Предлог-Програма за месна самоуправа (капитални расходи ) – (ДАО)   – Подпрограма за месна самоуправа – тековно оперативни расходи (Д1О) на Општина Кисела Вода  за 2016 година;

9.Предлог-Програма (Р) заштита на животната средина и природа на Општина Кисела Вода за 2016 година;

10.Предлог-Програма од надлежност В  -Предучилишно воспитување за 2016 година Програма В1 – Предучилишно воспитување;

11.Предлог-Програма  (Н1) и Програма (НА) капитални расходи  основно образование  за 2016 година;

12.Предлог-Програма за активностите на Општина Кисела Вода од областа на социјалната заштита во 2016 година;

13.Предлог-Програма за спорт и рекреација за 2016 година;

14.Предлог-Програма (К4) за културни манифестации и творештво и Предлог-Програма (КА) за културни манифестации и творештво (Капитални трошоци) за 2016.

Дневниот ред беше дополнет со Иницијатива за превземање на мерки и ктивности од страна на Општина Кисела Вода за унапредување на бебедноста во сообраќајот во општината.

 

 

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top