По повод Светскиот ден на здравјето 7 Април, Општина Кисела Вода ги поздравува и поддржува силните напори на сите вклучени во борбата против вирусот „Ковид 19“.
Заради тоа што денеска е Ден на здравјето, а тоа најмногу ни зависи од медицинските работници, упатуваме најголема благодарност до медицинските сестри, акушерките, лекарите и до цел персонал на болниците и амбулантите.
Воедно, со цел да им ја олесниме работата на оние кои секојдневно напорно работат во насока за зачувување на нашето здравје и за спречување на вирусот, уште еднаш повикуваме да се почитуваат мерките и препораките кои ни ги даваат Владата и Министерството за здравство.
Општина Кисела Вода продолжува да презема мерки за заштита на здравјето на граѓаните.
Седете дома, бидете позитивни, читајте книги, гледајте филмови, правете спортски вежби…
„Направете си навика за две работи: помагајте или барем на никој не му правете штета“ – Хипократ
Фотографија: Facebook United Nations