Врз основа на член 60 од Законот за основно образование (Сл.Весник на РСМ бр.161/2019) и член 3-б од Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование, основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години. Образованието трае девет години и се организира во три периоди.
Општина Кисела Вода известува дека уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2020 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2014 година.
Уписот ќе се врши од 1 до 30 јуни 2020 година во општинските основни училишта на територија на Општина Кисела Вода, со целосно почитување на реонизацијата и местото на живеење на децата.
Родителите се должни при уписот, да ја достават следната документација:
– извод од матична книга на родени за детето;
– потврда за примени задолжителни вакцини на детето издадена од надлежна здравствена установа;
– потврда за извршен стоматолошки преглед, издадена од матичен стоматолог.
Заради запазување на мерките за спречување на ширење на пандемија, родителите потребно е задолжително да закажуваат прием во основните училишта на следните телефонски броеви:
1. ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ – психолог, Злата Анчевска 078 248 628
-дефектолог Маја Бањанска, 078 416 017 и одделенски наставник Светлана Симоновска 078 447 399
2. ООУ „Партенија Зографски“ – одговорни лица педагог Марина Георгиевски тел 070/420-804, Јасмина Децков тел. 072/249-681
3. ООУ „Невена Георгиева Дуња“ – тел 078 344 993 Калина Спироска педагог; тел. О2 2776 230
4. ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – oдговорно лице е педагогот на училиштето Жаклина Стојановска тел. за контакт 078/354-541
5. ООУ „Круме Кепески“ – Павлина Трипуновска- Директор, тел: 078/356-120 и
Сашка Донева- секретар, тел: 078/356-124
6. ООУ „Рајко Жинзифов“ – централно: педагог Весна Рафеска тел: 070 344-279
-подрачно:психолог Јасмина Пакашки тел 075 288 261
7. ООУ „Кузман Шапкарев“ – педагог, Марта Стојановска – тел. 075/373-093
8. ООУ „Св.Климент Охридски“ – одговорно лице Елена Петрушевска, педагог, тел. 078 200 271