Search
Close this search box.

Бузалковски  и Ацевска најдобри спортисти во Кисела Вода

Мотоциклистот Кристијан Бузалковски, третопласиран во генералниот пласман на европскиот шампионат ФИМ Европа, во машка и Катерина Ацевска освојувач на бронзениот медал на светското првенство во Банкок во џиу-џица  во женска конкуренција го освоија  приматот, најдобри спортисти во Општина Кисела Вода за 2025 година. Во номинацијата спортист на годината  во категорија лица со  попреченост, победи пинпонгарката Олга Ристовска.  Во изборот за најдобра женска сениорска екипа победи ЖОК Јанта Волеј, додека најдобра екипа во машкасениорска  конкуренција е КК Ангели. Признанието, постхумно за придонес во спортот му припадна на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов,  додека параолимпиецот Ванчо Каранфилов го понесе признанието Спортска легенда. Во останатите седум номинации носители се: ракометарот Јаков Трајковски – најдобар млад спортист, џудистката Ива Богдановска – најдобра млада спортистка, приматот најдобри екипи во  млади категории го освоија државните шампиони ЖОК Јанта Волеј, ЖКК Бадел и ФК Кул Здравје. Тренерот на ЖОК Јанта Волеј Никола Јаневиќ победи во категоријата најдобар тренер, најдобар наставник по физичка култура во општина Кисела Вода е  Игор Зафировски, најдобар спортски работник е Горан Јаневиќ ,а  македонската фудбалска репрерзентативка Меланија Гроздановска со три пласмани од државните првенства го освои епитетот подвиг на годината.

            На Огласот за ,,Избор на спортист на годината на Општина Кисела Вода“, се јавија вкупно 18 апликации  со над 33  кандидати за 14 номинации. Сите апликации, Kомисијата за доделување на признанија и статуетки,соодветно  ги бодираше, согласно ,,Правилникот за условите, начинот, и постапката за доделување на признанија и статуетки на манифестацијата ,,Избор на најдобар спортист на годината на Општина Кисела Вода. Согласно, Правилникот, тече постапката за жалба од три дена, преку Комисијата до Градоначалникот на Општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top