Search
Close this search box.

Вечерва “Исцелител” на “Кино на отворено” во Кисела Вода

Еден од најнаградуваните македонски филмови, кој се прикажуваше на десетици светски филмски фестивали, вечерва пред публиката во Кисела Вода. Од 21 часот, “Исцелител”, на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се емитува на “Кино на отворено“, пред Домот на Култура “Билјана Беличанец”.

Како и за сите досегашни проекции, влезот е бесплатен, а половина час порано, за најмладите се прикажуваат анимирани филмови од архивата на Македокс.

Летниот филмски фестивал на отворено во организација на Општина Кисела Вода кој со поддршка од МакеДокс се одржува од вторникот, завршува утре.

Споделете:

Scroll to Top