Денес во рамки на Купот на Кисела Вода Св. Георги кошаркарските и фудбалските екипи од Кисела Вода, Аеродром, Бутел и Центар ги одмерија силите.
На првиот кошаркарски натпревар екипата од Кисела Вода ги надигра своите врсници од Аеродром, со резултат 56-45. Додека, учениците од Центар го победија тимот од Бутел, со резултат 48:43. Утре во спортската сала Независна Македонија финале ќе играат Кисела Вода и Центар, а Аеродром и Бутел за трето место.
Во спортската сала Архиепископ Доситеј основците од Аеродром и Центар во регуларниот дел одиграа нерешено 1:1, по што на пенали фудбалската екипа од Центар победи со резулатат 7:8 и го освои првото место на купот во футсал. Второто место им припадна на учениците од Аеродром. На вториот натпревар учениците од Кисела Вода, ја победија екипата од Бутел, со резултат 6:2 и го освоија третото место.
На крајот од денешните финални натпревари претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ на најдобрите им додели дипломи и пехари.