Search
Close this search box.

Во Кисела Вода се одиграа последните натпревари во организација на Сојузот за училишен спорт

Во Општина Кисела Вода се одиграа последните натпревари во организација на Сојузот за училишен спорт. 

Вчера во спортската сала „Независна Македонија“ силите на теренот ги одмерија ученичките/одбојкарки од општинските основни училишта. Првото место во женска одбојка го освои ООУ „Партенија Зографски“, второто ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и за третото место се изборија ученичките од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“. Секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски на најдобрите одбојкарки им подели пехари и медали.

На кошаркарските натпревари учениците од ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ го освоија првото место во кошарка. Додека, селекцијата на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ го завзема второто место, а екипата на ООУ „Кузман Шапкарев“ заврши на трето место.

Во футсал прво место освоија учениците од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, втора е селекцијата на ООУ „Рајко Жинзифов“ и трети завршија учениците од ООУ „Круме Кепески“.

Изминатите неколку месеци во рамки на натпреварувањата на Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода се одиграа повеќе натпревари во футсал, кошарка и одбојка. На истите околу 300 ученици од општинските основни училишта се натпреваруваа во спортските сали: „Независна Македонија“ и „Архиепископ Доситеј“.

Споделете:

Scroll to Top