Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на објектот на месната заедница во Драчево, кои веќе се во напредна фаза. Сликата на терен се менува секојдневно, а објектот кој со години беше во лоша состојба забрзано го добива својот нов лик.
Во овој момент, карабината и новата кровна конструкција се целосно завршени, додека градежните екипи интензивно работат на уредување на внатрешноста и изработка на новата фасада. Темелната реконструкција опфаќа и комплетна замена на застарената електрична, водоводна и канализациона инсталација.
Со целосната обнова на кровот и фасадата значително се унапредува енергетската ефикасност на објектот. За таа цел, греењето и ладењето ќе се одвиваат преку нови инвертер сплит системи, со што се гарантира економично и ефикасно функционирање на просторот во текот на целата година.
Внатрешноста се трансформира во целосно нов, функционален амбиент кој е суштински прилагоден на реалните потреби на граѓаните. Целта е Драчево да добие модерен, безбеден и квалитетен простор наменет за секојдневни средби, активности и локални услуги.
Оваа реконструкција се реализира со средства од Владината програма за капитални инвестиции, финансирана преку унгарскиот кредит. Тоа е директно вложување во инфраструктурата која им служи на граѓаните и јасна потврда за заложбата за рамномерен развој на сите населени места во општина Кисела Вода.


















