Search
Close this search box.

Во Општина Кисела Вода во тек е крводарителска акција

Во големата сала на Општина Кисела Вода во тек е голема крводарителска акција.

На истата досега голем број хумани граѓани и вработени во Општината ја покажаа својата хуманост, дарувајќи крв со цел да спасат нечиј живот.

Акцијата ја организираат Општина Кисела Вода и општинската организација на Црвен крст – Кисела Вода во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.

Локалната самоуправа уште еднаш ги повикува сите хумани граѓани кои се можност да даруваат крв. Акцијата ќе се одвива до 15:00 часот.

Споделете:

Scroll to Top