Во изминатиот викенд продолжи проектот ,,Спортуваме, навиваме и другаруваме”, во организација на општина Кисела Вода и полициската станица ,,Пролет“.
Во спортската сала ,,Архиепископ Доситеј“ се одиграа фудбалските натпревари меѓу основците од Драчево и основците од Кисела Вода, возбудувања имаше и на фудбалскиот натпревар меѓу средните училишта ,, Браќа Миладиновци“ и ,,Васил Антевски Дрен.
Секако, најинтересно беше на дуелот меѓу професорите од основните со професорите од средните училишта, како и одбојкарскиот натпревар, во кој учество земаа ученичките од средните училишта “Васил Антевски Дрен” и “Браќа Миладиновци”, професорките од основно и воспитувачките од градинките кои гравитираат во општина Кисела Вода.
Коректното навивање од трибините, спортувањето, дружењето меѓу учесниците, разменување по некое спортко искуство, во потполност го занемарија крајниот резултат на натпреварите. Проектот ,, Спортуваме, навиваме и другаруваме“ продолжува на 9-ти мај (сабота), за кога во спортската сала ,,Архиепископ Доситеј“ (ООУ “Круме Кепески”) се закажани нови спортски средби.