Search
Close this search box.

Во Општина Кисела Вода одбележан Националниот ден на унгарскиот народ

По повод одбележувањето на Националниот ден на унгарскиот народ секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски и неговата екселенција Ласло Дукс, Амбасадор на Република Унгарија во Република Северна Македонија положија цвеќе пред спомен плочата на големиот унгарски поет и еден од водачите на Унгарската револуција од 1848 година, Шандор Петефи.

Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Унгарија и Здружението на унгарците „Теледом“, неодамна распиша конкурс за истражувачка дејност на следните две теми: „Животот и делото на Лајош Кошут“ и „Историјат и значење на унгарската света круна“.

На конкурсот право на учество имаа сите ученици од општинските основни училишта до 10 – годишна возраст. За учество на истиот учениците претходно подготвија трудови во пишана форма (есеи, раскази и поезија), како и видео презентации. Изборот на најдобри литературни творби и видео презентации го направи комисија од Општината.

Секретарот Александар Алексовски, амбасадорот Ласло Дукс и претседателот на Здружението на унгарците во Република Северна Македонија Јожеф Шутуш на учениците кои подготвија најдобри литературни дела им доделија дипломи, додека на нивните ментори и останатите учесници им доделија благодарници. 

На настанот присуствуваа Горан Петковски, шеф на кабинет на градоначалникот Филип Темелковски, Зоран Ацевски и Дарко Филиповски, членови на Советот на Општина Кисела Вода.

Дипломи и благодарници добија:

I место – ученик Марија Поповиќ VIII 1 одделение, ООУ „Круме Кепески“ за темата  „Животот и делото на Лајош Кошут“, ментор Валентина Т. Стаматовска,

I место – ученик  Вероника Коруноска – VI в одделение, ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ за темата „Историјат и значење на унгарската света круна“, ментор Билјана Велковска Зиковска,

II место- ученик Јана Стефанова  IX 1 одделение, ООУ „Круме Кепески“, за темата  „Животот и делото на Лајош Кошут“, ментор м-р Татјана Пеливанова.

II место – ученик Нина Панчева – VI в одделение,ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ за темата  „Животот и делото на Лајош Кошут“, ментор Билјана Велковска Зиковска,

III место – ученик Цветанка Коруноска – VI в одделение ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ за темата  „Животот и делото на Лајош Кошут“,ментор Билјана Велковска Зиковска,

III место -ученик Јана Јовиќ- VIII 1 одделение, ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ за темата „Историјат и значење на унгарската света круна“, ментор Елизабета Камческа,

Благодарници за учество им беа доделни на:

ученик Софија Мирческа – VI в одделение, ментор: Билјана Велковска Зиковска од ООУ „Невена Георгиева Дуња“,

учениците Ангелина Делова и Леонтина Костовска VII г одделение од ООУ „Рајко Жинзифов“,

учениците Луна Трајковска и Лора Јанкович – IX a одделение и Владимир Чуновиќ – IX в одделение од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“,

Од ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“:

ученик Мила Трендовска- VII 3 одделение,

ученик Кирил Симоновски- IX 2 одделение, ментор Татјана Нанкова,

ученик Јована Симоновска -VII 3 одделение,ментор Татјана Нанкова,

ученик Тимон Поповски ,ментор Елизабета Камческа,

ученик Матеа Трајковска – VIII одделение, ментор Елизабета Камческа.

 

Споделете:

Scroll to Top