Search
Close this search box.

Во Општина Кисела Вода се одржа новогодишна претстава

Денес во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа новогодишна претстава за децата на вработените во Општината.

Воспитувачките од ЈДГ „Весели Цветови“ во чија изведба беше претставата со одличниот музички и драмски настап донесоа многу насмевки на лицата на децата.  

По завршувањето на овој новогодишен настан децата ги израдува и Дедо Мраз кој на сите им додели новогодишни пакетчиња.

Претставата ја проследија градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски со семејството, секретарот Александар Алексовски и претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ.

Споделете:

Scroll to Top