Search
Close this search box.

Во Општина Кисела Вода ќе се одржи работилница за „Локално активно вклучување на младите во институциите“

Денес во просториите на Општина Кисела Вода Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и Агенцијата за млади и спорт ќе одржат работилница за „Локално активно вклучување на младите во институциите“. Оваа работилница која е поддржана од страна на Општина Кисела Вода ќе започне во 15:00 часот.

Имено, целта на оваа работилница е да ја поткрене свесноста и знаењето кај младите за тоа што е политика, а што партија, како и што е партизираност, а што политизација.

Покрај ова, младите на оваа работилница ќе имаат можност да се стекнат и со вештини за создавање и пишување предлог проекти, како и да го збогатат своето знаење за процесот за креирање на политики.

Воедно, во периодот што следи работилници ќе се спорведат и во скопските општини: Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба и Центар.

Споделете:

Scroll to Top