Search
Close this search box.

Во организација на Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода се одиграа финалните кошаркарски натпревари

Денеска во Кисела Вода, во спортската сала „Независна Македонија“, во организација и во рамки на натпреварувањата на Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода се одиграа последните финални кошаркарски натпревари.

На финалниот натпревар учениците од ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ ја надиграа селекцијата на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и со резултат 54:50 тие освоија 1 место. Додека, 3 место освоија учениците од ООУ „Кузман Шапкарев“ кои лесно ја победија кошаркарската екипа на ООУ „Круме Кепески“, со резултат 53:37. Ученикот Андреј Шошкиќ прогласен е за најдобар играч на финалните натпреварувања.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ на најуспешните им доделија пехари и медали. Градоначалникот Темелковски во своето обраќање пред присутните нагласи дека Општината ќе поддржува настани кои ќе имаат за цел да го развиваат спортот и воедно истакна дека од младите очекува да бидат најдобрите амбасадори на Кисела Вода. Натпреварите ги проследи и спортскиот директор на МКФ Владимир Темелковски.

Имено, натпреварувачката сезона на одигрување на училишни натпревари започна минатата година и на истата вкупно 288 ученици од сите осум општински основни училишта изминативе неколку месеци играа кошарка, одбојка и футсал.

Следниот месец ќе се одиграат финалните натпревари во футсал и одбојка.

Споделете:

Scroll to Top