Search
Close this search box.

Во ПОУ „Д-р Златан Сремец“ се одржа новогодишна претстава

Денеска во ПОУ „д-р Златан Сремец“ во пресрет на новогодишните празници се одржа манифестација на  која децата кои се едуцираат во ова училиште пред присутните преку изведба на ритмичко – музички точки и драматизација ги покажаа своите вештини.

Точките на претставата ги изведоа ученици од предметна и одделенска настава под менторство на нивните наставници и дефектолози кои за успешност на истата вложија многу труд во изработка на сценографија и костимографија за настапите.

Покрај ова претставата со својот настап ја збогати и најпознатиот македонски илузионист Кристијан Шопов кој донесе многу насмевки на лицата на децата.

На крајот директорката на ПОУ „Д-р Златан Сремец“, Марија Делетиќ во своето обраќање пред присутните се заблагодари за поддршката која нивното училиште во изминатиот период ја има добиено од градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, како и од останатите соработници кои со своите донации дадоа голем придонес. Делетиќ за градоначалникот додели благодарница за хуманост и создавање на еднакви можности за децата со посебни потреби.

Благодарници добија ПСОН Кисела Вода, Биотек лабораторија и НЛБ Тутунска Банка. 

Настанот го проследи секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски во придружба на претставници од Општината.

Воедно утре со почеток во 17:00 часот и во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ ќе се одржи новогодишна претстава насловена: „Сите наши срца чукаат во едно најубавите новогодишни честитки ќе Ви ги испратиме заедно“.  Специјални гости ќе бидат децата од ПОУ „Д-р Златан Сремец“.

Споделете:

Scroll to Top