Search
Close this search box.

Вчеравечер Александар Митевски, Драган Спасов-Дац и Кристина Арнаудова ја забавуваа публиката во Кисела Вода

Во рамки на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“, синоќа во паркот „Македонија“ повеќе од еден час публиката ја забавуваа популарните македонски ѕвезди Александар Митевски, Драган Спасов-Дац и Кристина Арнаудова.

Посетителите, од сцената во паркот имаа можност да слушнат многу авторски песни и евергрини.

Градоначалникот Филип Темелковски заедно со семејството уживаше во музиката на изведувачите.

Покрај ова, во организација на Општина Кисела Вода и КК „Ангели“, вчеравечер на спортскиот терен во училишниот двор на ООУ „Рајко Жинзифов“, во населбата Драчево стартуваа натпреварувањата во Баскет 3х3.

На крајот од натпреварувањето во OLD SCHOOL BASKETBALL, градоначалникот Филип Темелковски на екипите: Кантина, Биоплант, Шутерс и Братство им додели дипломи.

Натпреварувањата продолжуваат денес од 17:00 часот,  во дворот на СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, каде ќе се игра Fiba endorsed. На 1 септември, со почеток во 22:00 часот, во дворот на истото училиште ќе се одигра финалниот натпревар.

Вечерва, на месноста Три круши, на затворањето на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ посетителите ќе ги забавуваат Мики Јовановски-Џафер,  Искра Трпева, КУД „Китка“ и Ѓоко Танески. Концертите ќе започнат во 20:00 часот.

Споделете:

Scroll to Top