Search
Close this search box.

Градинката “Перуника” во Црниче збогатена со нови содржини

Градинката “Перуника” во Црниче доби детско игралиште. По барање на општина Кисела Вода, Урбано ЕЛ ДООЕЛ Скопје на ова место постави реквизити за детска игра.

 

Дечињата, во стакленикот на градинката, во дворот, веднаш ја искористија можноста да си поиграат на поставените лулашки, тобогани и коњи на федер.

 

Заради поголема безбедност, атриумот е поплочен со гумен под. Поставена е и парапетна клупа со должина од 5,5 метри. Во ова ново игралиште, општина Кисела Вода инвестираше 415.000,00 денари. Истото претставува комплетирање на содржините кои ги нуди целиот овој простор. Имено градинката “Перуника”, која е е во состав на ЈГД „Весели Цветови“, општина Кисела Вода ја отвори годинава, со средства од својот буџет во висина од 3 700 000 денари. 

 

Taа е првиот јавен објект кој користи целосно еколошки начин на загревање со биомаса. Се наоѓа во комплетно реновиран дел од ПОУ “Кузман Јосифовски –Питу”, во чиј двор Агенцијата за млади и спорт изгради повеќенаменско игралиште. 

 

Споделете:

Scroll to Top