Search
Close this search box.

Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ во посета на месните заедници Усје и Драчево

Добрата практика на редовни средби со граѓаните со цел да се слушне во прво лице за нивните потреби и проблеми и на тој начин побрзо да се реагира во насока на нивно надминување, останува да биде приоритет во агендата на Општина Кисела Вода.

Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот заедно со Претседателот на Советот на општина Кисела Вода Трајче Донев и тим од стручните служби од општината како и претставници од други институции, ги посетија месните заедници „Драчево“ и „Усје“. Жителите добија одговор на прашања од областа на комуналната инфраструктура, одржувањето на уличното осветлување и уредувањето на просторот.

Во месната заедница „Драчево“ градоначалникот Беличанец – Алексиќ граѓаните ги информираше за досега изведените и планирани проекти, за одржување на урбаната опрема на парковите и детските игралишта во населба Драчево, за поставување на нова урбана опрема, изработени летниковци со пропратна опрема, реконструкции на улици, поставен подземен контејнер и крпење на ударни дупки. Беше нагласено дека во моментов се работи на изведба на фекална канализација на улица „Малешевска“ 1 и изградба на тениско игралиште од страна на Агенцијата за млади и спорт. Жителите добија информации за наредната буџетска година дека во план е изградба на атмосферска канализација на ул. „Живко Фирфов“ поранешна „Ужичка Република“, изградба на атмосферска канализација за улица „Жарко Зрењанин“ – трета фаза, за кои локации општината има веќе проекти, како и изградба на училишна сала во ООУ „Рајко Жинзифов“ која ќе се гради во соработка со Владата на Република Македонија, кинеската компанија ИППР и општина Кисела Вода.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ пред граѓаните во месната заедница „Усје“ нагласи дека во наредниот период ќе се асфалтираат улиците 1 и улица 5, реконструкција и рехабилитација на коловоз на улица 1, санација на улица 3 и улица 1, како и тековно одржување на осветлиување и крпење на ударни дупки.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој одобрени се средства за изработка на детален урбаниситчки план во МЗ „Усје“.

Денес градоначалникот на општина Кисела Вода во својот кабинет оствари средба со жителите од општината со кои беше разговарано за проблемите со кои се соочуваат во своето секојдневие, потребите кои ги имаат, но и различните идеи, предлози и сугестии од кои би можеле да произлезат идните приоритети на локалната самоуправа.

Во разговорот со граѓаните, градоначалникот  ја искажа својата подготвеност да им се излезе во пресрет на сите добри идеи, секако, согласно реалните можности на општината со кои би се подобрил квалитетот на живеењето на граѓаните и би се обезбедил локален економски развој. За сите оние проблеми за кои денес беше информирана, а  чие решавање директно зависи од локалната самоуправа и се  новонаметнати или веќе дел од утврдените потреби и стратешки цели на општината, беше дадено ветување за брза реакција и нивно решавање.

Посетата на месните и урбаните заедници во општината продолжува и денес во 18:30 во МЗ „Пинтија“ и 19:30 во МЗ „Стаклара“.

Споделете:

Scroll to Top