Search
Close this search box.

Градоначалникот Филип Темелковски на повеќе локации беше во посета на полициските службеници

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски заедно со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода Дарио Шимиќ и градоначалниците на сите скопски општини, на повеќе локации беше во посета на полициските службеници кои секојдневно се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба.

При посетата на СВР Скопје, полициските станици и пунктови, градоначалниците и заменик министерката за внатрешни работи упатија голема благодарност до полицајците за деноноќниот ангажман кој има за цел оддржување на редот и мирот во градот, а е во насока на спречување на ширењето на вирусот „Ковид 19“.   

Градоначалниците и заменик министерката за внатрешни работи на полициските службеници во знак на поддршка им поделија освежителни пијалаци.

Градоначалникот Филип Темелковски уште еднаш повикува за почитување на мерките и препораките дадени од Владата и Министерството за здравство. Темелковски на сите граѓани од православна вероисповед им посакува убава празнична вечер, а воедно упатува поддршка и поздрави до сите вклучени во спречувањето на вирусот „Ковид 19“.

Споделете:

Scroll to Top