Денес градоначалникот Филип Темелковски, придружуван од страна на секретарот на општината Александар Алексовски и советникот Тодор Костадиновски во просториите на Општина Кисела Вода прими ученици од ОУ „Невена Георгиева – Дуња“, од подрачното и централното основно училиште „Круме Кепески“.
Градоначалникот Филип Темелковски на оваа едукативна средба учениците ги запозна со функционирањето на локалната самоуправа, им објасни за работата на администрацијата и секторите преку кои се преземаат активности за подобрување на условите за живот. Учениците се запознаа и со работата на Советот на Општина Кисела Вода.
Покрај ова, Темелковски на дечињата им даде можност да поставуваат прашања, на кои добија одговори за идните планови и проекти на општината.
На крајот од средбата, дел од дечињата му приредија изненадување на градоначалникот рецитирајќи стихови за општината.
Градоначлникот Филип Темелковски на учениците кои беа видно задоволни од оваа средба им посака успешни и убави училишни денови. Темелковски повторно ги покани дечињата заедно со своите наставници да дојдат во општината.