Search
Close this search box.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на средба со претставници од Мисијата на ОБСЕ

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес беше домаќин на претставниците од Мисијата на ОБСЕ, офицерот за набљудување Нуриа Гонзалес Саенц Касас, и асистентот Магдалена Џајковска. На средбата во кабинетот, гостите беа запознаени со состојбата во која беше Општината при преземањето на мандатот, од финансиски, административен и урбанистички аспект.

 

Посебен интерес тие пројавија за затекнатите долгови на општината, како и за начинот на кој актуелниот градоначалник се справува со нив, како ги менаџира тековните проекти и процесите внатре, во Општината.

Потенцираа дека имаат позитивни резултати од мониторингот извршен пред закажаната средба околу соработката на Општина Кисела Вода со институциите на локално и на централно ниво, како и тоа дека наишле на многу позитивни реакции од жителите од овој дел на Скопје во врска со работата на градоначалникот Ѓорѓиевски.

Во фокус на разговорот беа и случувањата околу распишувањето на меѓународниот конкурс за ДУП за Расадник, што е нешто, што за првпат се прави после катастрофалниот земјотрес во Скопје. Претставниците на ОБСЕ ја поздравија транспарентноста на процесот, формирањето на Партиципативно тело и одлуката на градоначалникот да дозволи граѓаните да одлучуваат за оваа населба, а тој да биде исклучен од одлуките.

Средбата беше заокружена во позитивна атмосфера, и изразена желба од тимот на Мисијата на ОБСЕ за учество во заеднички проекти со Општина Кисела Вода, пред се од областа на јакнење на капацитетите на општината и превентивно делување.

 

Споделете:

Scroll to Top