Љубителите на спортот и рекрецијата добија два нови спортски терена во општина Кисела Вода. Кошаркарско игралиште на површина од 70 квадратни метри е пуштено во употреба во селото Усје. Истото ја чинеше општина Кисела Вода околу 200 000 денари.
На него работеа фирмите “29 Ноември”, која ги обезбеди реквизитите и “Изолација”, која работеше на асфалтирање и тампонирање на теренот. Истите две фирми работеа и на игралиштето во Стаклара, каде освен кошаркарски терен, профункционира и детско игралиште опремено со сите детски реквизити потребни за детска игра: лулашки, клацкалка, лизгалки.
Се протега на површина од 143 квадратни метри и за него општина Кисела Вода издвои околу 810 000 денари.