Search
Close this search box.

Дел од Црниче и Пржино денес без вода

Општина Кисела Вода информира дека денес од 08:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: „Рилски конгрес“, „Славејко Арсов“, „Банско“, „Серска“, „Кратовска“, дел од „50. дивизија“, дел од „Димче Мирчев“, „Христо Чернопеев“, „Востаничка“ и „Црниче“. Додека другите улици од населбите Црниче и Пржино ќе бидат со намален притисок.

Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека прекините ќе бидат поради промена на 13 затворачи со пречник ф-150 мм, ф-100 мм и ф-80 мм на улиците: „Рилски конгрес“, „Славејко Арсов“ и „Банско“.

Споделете:

Scroll to Top