Search
Close this search box.

Ден на музиката на Шопен во општина Кисела Вода

Со свечен концерт во паркот Шопен, денес општина Кисела Вода ја одбележа 166 годишнината од смртта на големиот музичар Фредерик Шопен. На настанот организиран од Одделението за култура при општина Кисела Вода присуствуваше и в.д. амбасадорот на Република Полска во Република Македонија Марта Пшењосло.

 

 

Пред бистата на овој музички великан беше поставено свежо цвеќе, а потоа жителите на општина Кисела Вода имаа можност да уживаат во едночасовниот музички рецитал на професорот на ФМУ Андреја Наунов кој, придружуван од тенорот Влатко Груевски, изведе повеќе дела од богатиот репертоар за пијано од Фредерик Шопен.

Општина Кисела Вода по петти пат организира вакво свечено чествување на Фредерик Шопен. Имено, ова е единствената општина во Република Македонија, во која една улица е именувана по овој светски музичар, а во 2010, беше отворен и паркот Шопен во кој се одвиваше денешниот настан.

Споделете:

Scroll to Top