Денес во рамки на Купот на Кисела Вода Св. Георги се играше мал фудбал и женска одбојка.
Во спортската сала Архиепископ Доситеј основците од скопските општини Центар, Бутел, Кисела Вода и Аеродром играа мал фудбал. Фудбалскиот тим составен од ученици од Центар ја победија екипата од Бутел на пенали, натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 3:3. Додека, учениците од Аеродром ги надиграа своите врсници од Кисела Вода, со резултат 2-1.
Покрај ова, денес во спортската сала Независна Македонија се одиграа и финалните натпревари во женска одбојка. Одбојкарската екипа од Центар ги надигра ученичките од Кисела Вода, со резултат 2:1, 25-19, 17-25, го освои првото место. Додека, на натпреварот за третото место играа Аеродром и Бутел, со резулатат 2:0, 25-19, 25-10.
Прво место на Купот на Кисела Вода се ученичките од Центар, за второто место се изборија одбојкарките од Кисела Вода, третото место им припадна на натпреварувачките од Аеродром, додека четврти завршија ученичките од Бутел.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски заедно со секретарот на општината Александар Алексовски го проследи одбојкарското финале на Купот на Кисела Вода Св. Георги. На крајот, Темелковски на најдобрите екипи им додели пехари и медали, додека, Алексовски ги додели дипломите.
Утре во Кисела Вода ќе се игра кошарка и фудбал. Имено, Купот Св. Георги е во организација на Општина Кисела Вода.