Со повеќе активности, Денот на на планетата Земја беше одбележан во сите училишта во општина Кисела Вода.
Учениците од ОУ “Партенија Зографски” заедно со своите наставници, ги презентираа своите изработки во рамки на претходно реализираната еко работилница. Потоа, беше остварена и посета на депонијата Дрисла, каде што преку презентација на видео – бим беа запознаени и им беше целосно презентиран процесот на селекција на отпадот.
Во сите останати училишта низ општина Кисела Вода, беа изведени предавања за подигнување на еколошката свест и зачувување на животната средина. Денот на планетата Земја за првпат е одбележан во САД, во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата.