Search
Close this search box.

Децата од градинките со велигденско јајце ја посетија Општина Кисела Вода

Дечињата од градинката “Синоличка” при ЈДГ “Весели Цветови”, денес со велигденски песни влегоа во Општина Кисела Вода. На градоначалникот Ѓорѓиевски и на другите вработени им подарија велигденски јајца кои ги работеле заедно со своите воспитувачки и со родителите.

Насмеани и среќни, раскажуваа како планираат да ги поминат претстојните Велигденски празници. Некои од нив да им помогнат на своите мајки во вапсањето на јајцата, некои говореа за адетот со првото црвено јајце, некои говореа во која црква ќе појдат заедно со своите родители.

Раскажаа и за активностите во градинката во која се одвиваше проектот “Велигденско јајце”, организиран од Одделението за предучилишно воспитување. Преку него, децата од сите градинки на територија на Кисела Вода цела измината седмица беа дел од натпревари, приредби, работилници кои како мотив го имаа претстојниот голем христијански празник Велигден.

 

Споделете:

Scroll to Top