Search
Close this search box.

Драчево утре без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека во текот на утрешниот ден, во периодот од 9:30 до 15 часот ќе има прекин  во водоснабдувањето  за корисниците од населбата и селото Драчево.

 

Во наведениот период од денот, ЈП “Водовод и канализација” ќе менува затворачи во пумпните станици  Драчево и село Моране кои поради интервенцијата нема да работат.

Без вода во истиот период  ќе останат и корисниците од селата Студеничани, Моране, Зелениково и населба Орешани.

 

 

Споделете:

Scroll to Top