Search
Close this search box.

,,Дуња“ вице-шампион на Македонија во кошарка

 Основното училиште ,,Невена Георгиева- Дуња“ го освои второто место на државното првенство во кошарка во машка конкуренција (основни училишта). Домаќин на државното првенство беше општината Кисела Вода, а многубројната публика, во 11-те одиграни средби уживаше во убавата кошарка и талентот на учениците од шест селектирани училишта.

Инаку, во големото финале ОУ ,,Владо Тасевски“, славеше над  ОУ ,,невена Георгиева –Дуња“ со резултат од 51:35. Избраниците на тренерот Вангел Сувариев, веројатно од заморот по одиграните три тешки натпревари, едноставно не успеаа да ја повторат добрата и прецизна игра, иако за ,,Дуња“ и вице –шампионкото место е голем успех.

– Премногу бевме заморени од силното темпо. Во првите два дена успеавме да ги совладаме  ОУ “Славчо Стојменски –Виница“ со  48:30, и ОУ “Васил Главинов” – Велес со 38:36. Во полуфиналето  извојувавме победа над  ОУ ,, СВ Климент Охридски“ – Битола со 52:51. Презадоволна сум од добрата игра  и пласманот на моите ученици, – истакна тренерот на ОУ “Невена Георгиева Дуња“ – Вангел Сувариев.

Во борбата за третото место  ОУ ,,Васил Главинов –Велес“ ја совлада екипата на ОУ ,,Св Климент Охридски-Битола“ со резултат 43:31. Пласман на петото место на државното првенство обезбеди ОУ ,,Славчо Стојменски-Велес“, додека шестопласирана е екипата на ОУ ,, Димката Ангелов –Габерот“ – од Кавадарци.  

Во продолжение следат, конечните резултати и конечниот пласман од државното првенство во кошарка, во организација на општината Кисела Вода.

 

Резултати:

  1. О.У Владо Тасевски(Скопје) – О.У Св. Климет Охридски(Битола)                          55:53
  2. О.У Славчо Стојменски(Виница) – О.У Невена Георгиева- Дуња(Скопје)                30:48
  3. О.У Св. Климет Охридски(Битола) – О.У Димитар Ангелов-Габерот(Кавадарци)      50:19
  4. О.У Невена Георгиева-Дуња(Скопје) – О.У Васил Главинов(Велес)                        38:36
  5. О.У Владо Тасевски(Скопје) – О.У Димитар Ангелов-Габерот(Кавадарци)               55:27
  6. О.У Славчо Стојменски(Виница) – О.У Васил Главинов(Велес)                              55:70
  7. О.У Димитар Ангелов-Габерот(Кавадарци) – О.У Васил Главинов(Велес)               41:42
  8. О.У Невена Георгиева-Дуња(Скопје) – О.У Св.Климет Охридски(Битола)               52:51
  9. О.У Владо Тасевски(Скопје) – О.У Васил Главинов(Велес)                                    56:45
  10. О.У Св.Климет Охридски(Битола) – О.У Васил Главинов(Велес)                            41:43
  11. О.У Невена Георгиева-Дуња(Скопје) – О.У Владо Тасевски(Скопје)                       35:51

 

 

Споделете:

Scroll to Top