Search
Close this search box.

Жителите на ул.”Огњан Прица” утре без вода

Поради уличен дефект на цевка, утре, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од улицата „Огњан Прица“.

 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека прекинот ќе биде од 10 часот и 30 минути до санирање на дефектот.

Според соопштението, дефектот е на цевка со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Огњан Прица“ и „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top