Search
Close this search box.

За неполна година, општина Кисела Вода додели над 500 ваучери за новороденчиња

Со денешното свечено доделување на еднократната парична помош за родителите кои во последните три месеци добиле принова, бројката на доделени ваучери се искачи на 511.

Општина Кисела Вода на овој начин сака да им излезе во пресрет на сите семејства кои одлучиле да го зголемат  бројот на дечиња.

Одлуката која беше донесена пред една година на барање и лична заложба на градоначалникот на општината Билјана Беличанец-Алексиќ, а потврдена од Советот на општината , ќе продолжи да се применува се до крајот на мандатот на градоначалникот.

Инаку, денеска беа доделени 48 нови ваучери за новородените деца од овој дел на градот и уште еднаш беше упатен апел до сите родители кои ги исполнуваат критериумите, да ги достават документите до општинската администрација и со тоа, и тие ,да стекнат право на еднократна парична помош од општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top