Search
Close this search box.

За хуманитарна помош отворени сите училишта во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода ги отвори сите основни училишта на  своја територија за собирање хуманитарна помош за настраданите од поплавените подрачја. Од 08 до16 до часот, сите хумани граѓани во рамките на своите можности можат да донираат помош која во моментов е најпотребна.

Паралелно, за хуманитарна помош се отворени и месните заедници низ општината, од 06:30 до 22часот, каде граѓаните, во близина на својот дом, можат да достават помош за настраданите. Во моментов, најпотребни се флаширана вода, конзервирана и бебешка храна и хигиенски средства.

Општина Кисела Вода, во текот на вчерашниот ден, на вонредна седница на Советот, со едногласна поддршка од сите советници, донесе одлука од својот буџет да издвои средства во висина од 2 милиони денари за најпогодените жители на општина Кисела Вода и 600 000 денари за помош на општина Гази Баба.

Споделете:

Scroll to Top