Завршено е асфалтирањето на улицата “Емил Зола” со нејзините краци.
Иако оваа сообраќајница секојдневно ја користат илјадници луѓе, таа не беше реконструирана цели 30 години. Градежниот зафат кој Општина Кисела Вода го изведе опфати реконструкција на коловозот, на двата постоечки паркинзи и изградба на нов паркинг простор.
Во наредните денови ќе се работи на бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација и поставување на лежечки полицајци. Сумарно, се работи за реконструкција на површина од околу 2800 квадратни метри, која е дел од големиот проект за инфраструктурна обнова на улиците во населбата Цветан Димов. Имено, во овој дел од општина Кисела Вода се реконструира и улицата Вера Јоциќ со краците, а претходно, целосно беа реконструирани и “Тоне Томшиќ”, крак на улицата “Мишко Михајловски” и дел од “Дичо Петров”. Она што е заедничко за сите овие улици е дека тие не биле санирани по 30, 40, па и 50 години.