Search
Close this search box.

Заврши спортската манифестација ,,Куп Св. Ѓорѓи“

По шест денови, исполнети со спортување и дружење, со многу спортски емоции на селектираните талентирани спортисти од четири општини, заврши традиционалниот годинешен ,,Куп Св. Ѓорѓи“.

 

Покровител на спортската манифестација беше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. На последниот натпреварувачки ден, на програмата беа футсал натпреварите.

Во финалето селекцијата на Карпош ја совлада соодветната селекција на Гази Баба со 3:1. Најдобар играч на теренот, воедно и на фудбалскиот турнир беше Админ Абдула, кој постигна вкупно 6 голови на два натпревари.

Во борбата за третото место, домаќините, селекцијата на Општина Кисела Вода, со еуфорична игра со резултат од 6:1 ја совладаа соодветната селекција на Општина Аеродром.

Ден порано, пак, во завршницата на одбојкарскиот турнир за девојчиња, заслужено триумфира селекцијата на Општина Аеродром, која во финалната средба ја совлада Селекцијата на Карпош со 2:0 (по сетови 25:15 и 25:17).

Во малото финале, во борбата за третото место домаќините, селекцијата на Кисела Вода, предводени од поранешната репрезентативка проф. Моника Јаневиќ, со резултат од 2:1 (по сетови 25:15, 19:25 и 15:9) беше поуспешна од селекцијата на Општина Гази Баба.

Наградите на најуспешните, ги додели Бојан Димковски, в.д. директор на jавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти “Кисела Вода КВ Скопје”.

Споделете:

Scroll to Top