Search
Close this search box.

Започнува пролетна дератизација во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода отпочнува со дератизација на јавните површини на својата територија. Од утре, постапката за уништување на  глодарите започнува од урбаните заедници Пржино и Црниче, по што ќе бидат опфатени и сите јавни површини низ останатите месни и урбани заедници низ општината.

 

Дератизацијата ја спроведува Центарот за јавно здравје и согласно планот ќе бидат опфатени 1960 шахти. Општина Кисела Вода, согласно програмата на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна срединна организира вакви акции за уништување на штетните глодачи два пати годишно, на пролет и на есен.

Споделете:

Scroll to Top