Search
Close this search box.

“Здрави навики-здраво бебе” во општина Кисела Вода

Одделението за предучилишно воспитување на општина Кисела Вода организира серијал на стручни предавања на тема  “Здрави навики-здраво бебе”.  Првото е закажано за денес, во периодот од  17 часот до 18 часот и 30 минути во објектот Пеперутка 1, при  ЈДГ “ 8 Март”.

За стекнувањето на здрави навики при одгледувањето на децата од нивната најрана возраст кои ќе овозможат нивен правилен раст и развој, ќе говори д-р специјалист педијатар Валентина Стевиќ од  Детската клиника Козле . На работилницата учество ќе можат да земат родителите и негователите од  ЈДГ ” 8 Март” кои ќе имаат можност да се информираат и советуваат околу исхраната, имунолошкиот статус , правилниот избор на музика и играчки во правилниот развој на детето и сите други прашања кои ги засегаат. Предавањата се бесплатни и се организирани со следниот распоред:

06.03.2014 (четврток),  објект Пржино,  ЈДГ ” 8 Март”

11.03.2014 (вторник), објект Сончоглед,  ЈДГ ” Весели Цветови”

14.03.2014 (петок), објект Синоличка, ЈДГ ” Весели Цветови”, сите во период од 17часот до 18:30 часот

Споделете:

Scroll to Top