Search
Close this search box.

И викендов примени денови за граѓаните во Општина Кисела Вода

Нови приемни денови за жителите на општината одржа викендов градоначалникот на Кисела Вода. Преку 60 граѓани со него разговараа, му ги посочија проблемите со кои се соочуваат и заеднички дискутираа околу изнаоѓањето на решение. Средбите ќе продолжат со несмален интензитет и во периодот што следува. Се закажуваат на 02/2785-401.

 

-Преку 60-тина граѓани дојдоа да поразговараме, да ги изнесат своите проблеми и директно да пристапиме кон нивно брзо решавање. Покрај решавањето на она што ги засега, од сето ова произлегуваат и корисни совети од моите повозрасни сограѓани. На мое задоволство, така беше и овој викенд. И ништо не е напорно доколку уживаш во тоа што го правиш, токму затоа овие чести средби ги одржувам за викенд, бидејќи можеме подолго да разговараме и детално да се информирам за сѐ она што е важно за нив, нивните сугестии и забелешки. Вратата на мојот кабинет е секогаш отворена за мојот народ и секој оној што сака да оствариме средба, 02/2785-401 е бројот за закажување, додека пак средбите кои секојдневно се одвиваат продолжуваат со истата динамика.  Транспаретно, отворено и блиску до мојот народ – тоа е нашиот принцип на работа, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

Споделете:

Scroll to Top