за под-проектот
„ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ПОУ„РАЈКО ЖИНЗИФОВ“
К.П.6483 К.О. КИСЕЛА ВОДА 2 СКОПЈЕ;
Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, Општина Кисела Вода аплицираше со барање за финансирање еден под-проект:
- ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ПОУ„РАЈКО ЖИНЗИФОВ “К.П.6483 К.О. КИСЕЛА ВОДА 2 СКОПЈЕ;
Согласно Рамката за животна средина и социјални работи изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беа подготвени документи “План за управување со животна средина и социјални работи” во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на под-проектите. Овие документи се поставени за јавен увид на официјалните веб страници на:
Министерството за финансии (Под-проекти за енергетска ефикасност во единиците на локална самоуправа – finance.gov.mk) и на:
Општина Кисела Вода : www.opstinakiselavoda.gov.mk на 01.11.2024
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 30 дена од поставување на документите на веб страниците, преку пополнување на формуларот кој е достапен на следниот линк:
- Контролна листа со мерки за ЖССА – ПООУ Рајко Жинзифов – Кисела Вода
- Формулар за поднесување коментари за ПУЖССА на подпроекти на општините
Во текот на периодот наменет за јавни консултации за ПУЖССР, ќе се одржи и јавна расправа за документите, на 05.11.2024 ( вторник ) во барака бр.7 – Голема сала- општина Кисела Вода , во 10.30 часот со следниот дневен ред:
- Воведен збор на претставник од Единицата за спроведување на проектот при Министерство за финансии за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (претставник од ЕСП/МФ) – 10 минути
- Краток осврт на проектните активности од страна на консултантскиот тим за изработка на техничката документација (Заедничко вложување Инком инженеринг ДООЕЛ Скопје и ТП АНТЕВСКА Куманово) – 10 минути
- Информирање на јавноста за намерата за задолжување на Општината за под-проектите со кратка презентација на работите и финансикиот износ
- Краток осврт на документите “План за управување со животната средина и со социјалните аспекти за проектот” (претставник од консултантскиот тим за изработка на техничката документација) – 20 минути
- Дискусија.
Датум на објава: 01.11.2024
Министерството за финансии
Единица за спроведување на проектот