Почитувани жители,
До сега, тековно Ве известувавме за иницијативата на Градоначалникот на Општина Кисела Вода, од која произлезе конструктивна соработка и партнерство со сите институции кои имаат ингеренции и надлежности за надминување на проблемот кој со години го имаат жителите на Кисела Вода, поврзан со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги.

На обострано задоволство, со Министерството за здравство, како институција директно со најголеми ингеренции и надлежности за надминување на проблемот, имаме и најконструктивна соработка и партнерство.
Како резултат на истата, постапувајќи по договореното од првата одржана средба по повод решавање на проблемите поврзани со Центарот за превенција и третман на зависност од дроги Кисела Вода, во заедничка организација, во просториите на Министерството за здравство, е закажана втора средба, на ден 27.07.2018 година, петок, во 08:30 часот, на која ќе бидат поканети и присутни учесници во проширен состав од првата средба, и тоа претставници од:
– ЈЗУ Психијатриска Болница Скопје;
– Центар за превенција и третман на зависност од дроги Кисела Вода;
– ЈЗУ Здравствен дом Скопје;
– Универзитетска клиника за психијатрија Скопје;
– Министерство за труд и социјална политика;
– Министерство за правда- Управа за извршување на санкции;
– Академија за судии и јавни обвинители;
– Заедницата на единиците на локалната самоуправа на република Македонија-ЗЕЛС;
– Град Скопје – Одделение за социјална, детска и здравствена заштита;
– МВР на РМ – СВР Скопје;
– МВР на РМ – ПС Кисела Вода;
– МВР на РМ – Одделение за недозволена трговија;
– Здружение на граѓани ХОПС;
– Здружение на граѓани ДОВЕРБА;
– Фондација РЕТО НАДЕЖ;
– Здружение на граѓани АРМАИТА;
– Тераписка заедница ПОКРОВ;
– Рубенс Муратовски и Методија Тотиќ – претставници на жители;
На средбата, почетно, Министерство за здравство ќе го објави нивниот заклучок за тоа кои конкретни мерки ќе се реализираат и во кој конкретен временски рок, а во продолжеток ќе се води дискусија по однос на суштината и конкретноста на мерките, како и за определениот рок за нивното спроведување.
Веднаш по одржување на средбата, ќе Ве известиме за исходот.
Со почит, Вашата Општина Кисела Вода.



