Search
Close this search box.

Кисела Вода обезбеди бесплатен професионален спорт за социјално-загрозените основци

Општина Кисела Вода секогаш своите вложувања и поддршка ги насочува првенствено кон најмладите, затоа што тие се столбот на нашата иднина и главните чинители на нашето општество. Во период кога нашата земја се сочува со се поголема сиромаштија од која се опфатени голем број на семејства, како локална самоуправа, презедовме низа мерки со кои сакаме да им излеземе во пресрет и да им овозможиме поголема сигурност.

Меѓу бројните проекти од социјална сфера, е и проектот „Грижа и сигурност за секое дете“. Преку него, за дечињата од социјален ризик обезбедивме ослободување од партиципација за трошоците за членување во професионални спортски клубови.

Се работи за 40 ученици од општинските основни училишта на територија на Општина Кисела Вода, на кои на овој начин им се овозможува бесплатно да спортуваат и да се надградуваат во омилениот спорт, исто како и сите нивни врсници.
Проектот е овозможен преку соработката на Општина Кисела Вода со повеќе спортски клубови, на кои во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме за хуманоста и за општествената одговорност што ја покажуваат.

Голема благодарност упатуваме до:

  • Здружение Кошаркарски клуб „H20 Скопје“
  • Кошаркарски клуб „Водно Санс“
  • Кошаркарски клуб „Тим Баскет“
  • Кошаркарски клуб „Ангели“
  • Боксерски клуб Кисела „Вода Јуниор“
  • Женски кошаркарски клуб „Бадел“
  • Карате клуб „Фунакоши Гичин“
  • Ракометен клуб КМГ „ГРУП СПОРТ“
  • Одбојкарски клуб „Бест Волеј“
  • Спортски клуб „Мастер Волеј“
  • Клуб за џиу- џица „ДАН-КЈУ Скопје“
  • Женски Ракометен клуб „Ѓорче Петров“
  • Фудбалски клуб „Драчево“

Споделете:

Scroll to Top