Search
Close this search box.

Конституиран е Совет на потрошувачите во Кисела Вода

Конституиран е Советот на потрошувачите, како постојано тело на Советот во Општина Кисела Вода. Неговата задача е да ги застапува интересите и правата на потрошувачите, со што би се подобрил квалитетот на услугите на јавните служби во Општината.

За таа цел, ќе бидат поставени кутии во кои граѓаните ќе можат да ги остават своите забелешки, жалби, предлози и барања , а истото ќе можат да го сторат и електронски, преку апликацијата која ќе биде поставена на интернет страницата на Општина Кисела Вода. Советот на потрошувачи е составен од седум члена, претставници од  месните заедници и од приватниот сектор. За претседател е избран Методија Таневски. 

Споделете:

Scroll to Top