Search
Close this search box.

Масовна акција за чистење “Македонија без отпад” во општина Кисела Вода

Масовна акција за собирање на отпад денес се спроведе во општина Кисела Вода, како дел од  проектот „Македонија без отпад 2014“ на Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“.

Вработените во општина Кисела Вода, сезонските работници, но и сите оние граѓани кои се одзваа на повикот од општината, денеска, со почеток во 9 часот започнаа со активностите насочени кон чистење и развивање на свеста за правилно постапување со отпадот.

Од трите локации на кои интензивно се чистеше, патот за Теферич (од складот на Треска до црквата Св. Преображение, во должина од 1 км), трим-патеката и локалниот пат Пинтија – Горно Лисиче, собрано е околу 30 кубни метри комунален смет, како и 40 вреќи со ПЕТ амбалажа и хартија.  Отпадот, со камиони, е пренесен до депонијата Дрисла.

Во големата акција се вклучија и сите основни училишта од општината со  чистење на училишните дворови и училниците, а со стара хартија ги наполнија и 35-те картонски кутии, донација од МПМ, кои за таа цел беа поставени во училиштата.

 

Националната акција за собирање на отпадот која има за цел поттикнување и активирање на јавноста на Македонија за чистење на расфрланиот комунален отпад,како и  едукација за негово правилното отстранување, се одржува трета година по ред.

 Истата, како пилот проект, стартуваше во 2012тата, токму од општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top