Search
Close this search box.

Мобилни тимови им помагаат на ранливите категории граѓани од општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода, ги потсетува своите жители дека по дадените Владини препораки за превенција и заштита од корона вирусот, се оформени мобилни тимови кои додека траат препораките се бидат во служба на сите ранливи категории граѓани.

Лицата со попреченост/инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести, за сите потреби, за набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, имаат можност секојдневно, во временскиот период од 08:30 до 12:30 часот, да ги контактираат тимовите кои имаат задача да им помагаат. Сервисните услуги се даваат бесплатно, додека за производите и лековите кои им се потребни, граѓаните треба на тимовите кои ќе вршат достава да им дадат финансиски средства.

За повикување на мобилните тимови, жителите на Општина Кисела Вода, можат да се јават на следните телефонски броеви:

Црвен крст Кисела Вода:  070/379-456     02/3211-417.

Мобилните тимови се оформени од Општина Кисела Вода во соработка со Град Скопје и Црвениот крст на град Скопје и со поддршка од Пивара Скопје. Финансиските средства за нивното функцинирање се обезбедени од Општина Кисела Вода.

Уште еднаш, апелираме да се почитуват препораките и да не се излегува од дома без поголема потреба, односно да не се излегува воопшто за време на полицискиот час.

Споделете:

Scroll to Top