Search
Close this search box.

МОК и општина Кисела Вода го одбележаа Светскиот ден на спортот

Македонскиот Oлимписки Kомитет и општина Кисела Вода  со свечена манифестација  го одбележаа  Меѓународниот ден на спортот.

Високата делегација на МОК предводена од претседателот Васил Тупурковски, директорот Владимир Богоевски и  генералниот секретар Сашо Поповски, беше  применa  од градоначалничката Билјана Беличанец Алексиќ и секретарот на oпштината Марјанчо Тодоровски. 

На средбата Тупурковски потенцираше дека општината Кисела Вода веќе неколку години е парнер на МОК во делот на спортската едукација на децата од училиштата за спортување:

-Масовноста во  училишниот спорт е еден од најважните елементи за  квалитетен континуиран спортски развој. Децата едноставно мора да спортуваат, затоа што, училишниот спорт е база на врвниот спорт – меѓу другото истакна првиот човек на МОК Васил Тупурковски.

 

Градоначалникот Беличанец, пак, ја потенцираше улогата на општината во насока на обезбедување на услови за правилен развој на децата во рамките на  училишниот спорт.

-Кисела Вода има одлична соработка со Владата, Агенција за млади и спорт, МОК и спортските федерации. Наш приоритет е обезбедување на услови за спортување. Во изминатава година  двете спортски сали ,, Архиепископ Доситеј“ и ,, Независна Македонија“  не само што  ентериерно ги реновиравме, туку и се приклучија на  парно греење.  Во соработка со Владата  и Агенцијата за млади и спорт возобновивме и изградивме десетици спортски игралишта  и поделивме  донација на спортски риквизити по училиштата. Имаме најмасовен училишен спорт во државата и во иднина ќе продолжиме да го надградуваме овој проект- потенцираше градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ. 

Подоцна, во ОУ “Невена Георгиева Дуња” се одржа  свечената манифестација насловена ,,Спортуваме – здраво живееме“ на која беа доделени дипломи за најдобрите литературни и ликовни  дела. Манифестацијата заврши со ревијалниот одбојкарски натпревар меѓу ОУ “Невена Георгиева Дуња” и ОУ “Св. Климент Охридски”.

 Во ,,трилер“ завршница, пред преполно гледалиште, славеа гостите од Драчево со 2:1 во сетови.  

 

Споделете:

Scroll to Top