Search
Close this search box.

Нека ни е честит и вековит Илинден! Да живее Република Македонија!

Општина Кисела Вода на сите граѓани на Република Македонија им го честита големиот македонски државен празник 2 август Илинден.

 

Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август, 1903 година во Крушево започнало Илинденското востание за ослободување на Македонија од османлиската власт, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ на кое се поставени темелите на македонската држава. Одбележувајќи ги овие два Илиндена денес ја славиме македонската борба за државност, слобода и непокорност на нашиот народ.

Нека ни е честит и вековит Илинден!

Да живее Република Македонија!

Споделете:

Scroll to Top