Search
Close this search box.

Новоотворена градина во градинката ” Весели цветови”-објект “Синоличка”

И градинката “Весели цветови”-објект “Синоличка”, се приклучи кон проектот “Градина во детските градинки” , кој се спроведува од страна на Министерството за труд и социјална политика, во соработка со единиците на локалната самоуправа и детските градинки ширум Република Македонија.

 

Дечињата од оваа градинка заедно со своите воспитувачи засадија зеленчук и овошје во дворот на овој објект, со што се едуцираа и за начинот на нивното садење и за хранливите состојки кои тие ги имаат, но и за важноста на зеленчукот и овошјето во секојдневната исхрана.

 

Новоотворената градина го носи името “Марулка”, па симболично дечињата од поголемите групи, во неа засадија марули. Пред раководителот на Одделението за предучилишна воспитување при општина Кисела Вода Ирина Момировска, директорот на установата Габриела Стојановска, претставници од други градинки и родители, беше одржана и приредба со пригодна програма, а потоа дечињата се почестија со топол чај и овошна и зеленчукова салата.

 

Продукти, кои преку овој проект за едукација на дечињата во предучилишна возраст, треба да станат секојдневие во нивната исхрана.

Споделете:

Scroll to Top