Search
Close this search box.

О Г Л А С за доделување на финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода

 

О Г Л А С

за доделување на финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода

Врз основа на член 7 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода (Сл. Гласник на општина Кисела Вода” бр. 03/22), Општина Кисела Вода објавува

 

Се повикуваат сите заинтересирани уметници и културни работници кои егзистираат во општината Кисела Вода и со своите програми и активности придонесуваат за развојот на културата и уметноста во општината Кисела Вода, и кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата,  да аплицираат за добивање на финансиска поддршка за тековната 2022 година.

Право на учество на огласот имаат сите уметници и културни работници кои се со живеалиште на територија на општината и извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода, под услови утврдени со Закон и Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода (Сл. Гласник на општина Кисела Вода” бр. 03/22). 

I Финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода

Основни критериуми што треба да се исполнат од страна на сите уметници и културни работници:

–       е жител на општина Кисела Вода;

–       во последните три години има реализирано, или учествувано во реализација на најмалку 3 проекти од областа на културата;

–       реализацијата на предложениот проект за финансирање да биде на територијата на општината, или да се однесува и да придонесува за афирмација на Oпштина Кисела Вода.

 

II Постапка за доделување на финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода.

 

– Потребната документација за учество на огласот се доставува по пошта или во архивата на Општината.

– Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „ не отварај“ и со назнака „Пријава за Oглас за доделување финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода“ и бројот на повикот.

– Пликот не смее да содржи никаква ознака која би можела да го идентификува понудувачот.

– Пријавата се доставува во еден оригинален примерок, кој треба да биде потпишан и заверен од одговорното лице.

– Пристигнатите пријави ги отвара и разгледува Комисија формирана од Градоначалникот, без присуство на пријавените кандидати.

– Некомплетните и ненавремено доставените пријави Комисијата нема да ги разгледува и за истото ги известува кандидатите.

– помеѓу општината и избраниот субјект се склучува Договор за доделување финансиска помош.

 

Субјектите, кои учествуваат на јавниот оглас кон пријавата треба да достават

 

–       покрај барањето/пријавата за финансиска поддршка на предлог – проектот доставува и фотокопија од лична карта и транскациска сметка, како и изјава за исполнетост на условите, како и детален план за реализација на проектот.

Рокот за пријавување започнува од 30.09.2022 година и трае 10 работни дена, односно заклучно до 14.10.2022 година  до 20.00 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. “Петар Делјан” бр. 17 или во архивата на општината со назнака: Пријава за јавен оглас за финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода – Комисија).

Пријавата и образецот со упатство за пополнување се достапни на следниот линк

                                                                                              Општина Кисела Вода

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                                                                          

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top