Search
Close this search box.

О Г Л А С За доделување награди за најдобри вработени – даватели на јавни услуги од јавните детски градинки од Општина Кисела Вода

Врз основа на член 6 од Правилникот за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негователи од јавните детски градинки  од  Општина Кисела Вода бр. 09 – 2588/7 од  28.03.2019 година,  Правилник за измена и дополна на Правилникот за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки на Општина Кисела Вода бр. 09-4387/8 од 26.04.2022 година  и Програма од надлежност В – предучилишно воспитување Програма В1 – предучилишно воспитување  за 2022 година, Општина Кисела Вода  објавува

 

О Г Л А С

                За доделување награди за најдобри вработени – даватели на јавни услуги  од

 јавните детски градинки од Општина Кисела Вода

 

  1. 1.       Право на учество на огласот имаат воспитувачи и негуватели кои се вработени  во јавните детски градинки  од Општина Кисела Вода  по услови и критериуми утврдени воПравилникот за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негователи  од Општина Кисела Вода бр. 09 – 2588/7 од  28.03.2019 година и Правилник за измена и дополна на Правилникот за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки на Општина Кисела Вода бр. 09-4387/8 од 26.04.2022 година.

 

  1. УСЛОВИ   И  КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИ ВРАБОТЕНИ – ДАВАТЕЛИ НА ЈАВНИ УСЛУГИ ОД ЈАВНИТЕ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ  ОД ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

 

–          Кандидатите треба да ги исполнат следните општи услови и критериуми

Ред. Бр.

Критериуми

Поени

7. Стручен работник – Дипломиран Педагог

 

● ја планира педагошката и згрижувачко-воспитната работа и учествува во изготвување  на Програмата и Извештајот за работа;

● дава инструктивно – педагошка помош на децата, родителите, воспитувачите и негователките и води соодветна евиденција, изготвува прегледи, извештаи, препораки;

 

 

 

 

2,4,6,8,10,12

8.Стручен работник – Дипломиран социјален работник

 

●  остварува тесна соработка со родителите на децата кои имаат проблем во однесувањето  на  деца со посебни потреби, на деца на разведени родители се со цел да се заштити психо-социјалниот развој на детето;

●  остварува непосредна соработка со децата со проблеми во однесувањето со цел да го насочи детето на правилно однесување и снаоѓање во  средината во која живее;

 

 

 

 

 

2,4,6,8,10,12

9.Стручен работник – Дипломиран дефектолог

 

●  работи на откривање и следење на деца со посебни потреби;

●  врши индивидуален дефектолошки третман кај децата со посебни потреби;

 

 

 

2,4,6,8,10,12

10. Стручен работник –  Дипломиран логопед

 

●  врши идентификување на пречки во говрот и корекција на говорната патологија кај децата;

●  врши корекција на говорната патологја кај децата-развојна дизфазија, алалија, дислалија (сигматизам, ротацизам, ламбацизам итн…);

 

 

 

2,4,6,8,10,12

11.Стручен соработник- Музички педагог

 

●  подготвува музички содржини, компонира музички содржини, изготвува кореографии за музички игри за реализација на активностите од јавната и културната дејност на јавната детска градинка;

●  изведувањето на активностите по музичко воспитување го врши во согласност со  Годишната програма и план на воспитувачите  по воспитни групи;

 

 

 

 

        2,4,6,8,10,12

12.Стручен соработник – општа медицинска сестра

 

●  води евиденција за евентуалните заразни заболувања и одговорна е за обезбедување на епидемиолошки мерки;

●  врши надзор на хигиената во просториите каде претстојуваат децата, на санитарните чворови, кујната, магацинот за храна и другите простории.

 

 

 

2,4,6,8,10,12

 

–          Кандидатите треба да ги исполнат следните посебни услови и критериуми

1. Да е вработен во воспитно – образовна установа на територија на Општина Кисела Вода.

2. Да има минимум 2 години работно искуство (давател на јавна услуга), независно од статусот на ангажираност (неопределено, определено и привремено ангажирани).

3. Сертификати за учество во реализација на проекти и семинари кои се од значење за воспитно – образовниот и згрижувачки процес, согласно наставните планови и програми за предучилишно воспитување, добиени во последните 2 години од акредитирани установи и институции – (алтернативно).

4. Мислење од Стручниот совет на Градинката во која работат.

5. Изјави од родители чии деца се директно вклучени во воспитно – образовниот и згрижувачки процес од страна на кандидатите (алтернативно).

6.Да нема добиено награда за најдобар давател на јавни услуги во последните 3 години.

 

  1. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Воспитувачот/негователот треба да достави БАРАЊЕ  кон кое ги доставува потребните документи наведени во условите и критериумите во Огласот за доделување награди за најдобри вработени – даватели на јавни услуги од јавните детски градинки од општина Кисела Вода

Воедно треба да достави и ИЗЈАВА за обработка на личните податоци потпишана од давателот на јавна услуга.

Рокот за пријавување започнува од 06.06.2022 година и трае 5 дена од денот на објавувањето на огласот.

Барањата и изјавите со потребната документација да се доставуваат по пошта на адреса Општина Кисела Вода ул. “Петар Дeљан” бр.17, или во архивата на општината со назнака – “За избор на најдобар воспитувач и негуватели” – Комисија за доделување на награди за најдобри вработени – даватели на јавни  услуги од јавните детски градинки на Општина Кисела Вода.

 

Барањето и изјавата се достапни на веб страната на општина Кисела Вода на следниот линк:

 

КЛИКНИ ТУКА ЗА БАРАЊЕ

КЛИКНИ ТУКА ЗА ИЗЈАВА

Споделете:

Scroll to Top