Врз основа на член 5 од Процедурата за условите и критериумите за доделување награди за талентирани ученици од општинските основни училишта од општина Кисела Вода бр. 17 – 4846/1 од 29.05.2018 година, и Програма Н1 и НА за основно образование за 2018 година, Општина Кисела Вода објавува
О Г Л А С
За доделување награди за талентирани ученици од општинските основни училишта од
Општина Кисела Вода
- 1. Право на учество на огласот имаат сите ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода по услови и критериуми утврдени воПроцедурата за условите и критериумите за доделување награди за талентирани ученици од општинските основни училишта од општина Кисела Вода бр. 17 – 4846/1 од 29.05.2018 година.
- УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ОД ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
– Кандидатите треба да ги исполнат следните општи услови и критериуми за да бидат предложени за доделување парична награда:
1. Степенот на натпреварување во повеќе области:
– Државни натпревари
(За освоено прво, второ, трето место на натпревари од областа на науката, културата, уметноста кои се акредитирани од соодветни установи и институции, добиени во тековната учебна година на државно ниво).
– Меѓународни натпревари
(За освоено прво, второ, трето место на натпревари од областа на науката, културата, уметноста кои се акредитирани од соодветни установи и институции, добиени во тековната учебна година на меѓународно ниво).
Поради вршење на бодовна евалуација, кандидатите задолжително да достават копија од дипломите за освоени места на официјални државни и меѓународни натпревари.
– Единечна – индивидуална награда ( за освоено прво, второ или трето место на државни и меѓународни натпревари).
– Групна награда (Група на ученици – хор, оркестар, техничко образование и сл. за освоено прво, второ или трето место на државни и меѓународни натпревари).
Наградувањето ќе се врши во форма на еднократна парична награда.
2. Еден кандидат не може да биде награден повеќекратно, а во предвид ќе се земе највисокиот постигнат резултат. Постигнатите резултати се однесуваат на тековната учебна година.
3. Кандидатите задолжително треба да ги исполнуваат следните услови и да ја достават следната документација:
– Да е редовен ученик во воспитно-образовна установа на територија на општина Кисела Вода верифицирана со акт од Министерството за образование и наука.
– Мислење од класен раководител.
– Мислење од ментор.
– Мислење од Наставнички совет.
– Фотокопија од дипломи за остварен резултат.
– Копија од трансакциона сметка на родител/старател.
– Копија од лична карта на родител/старател.
– Изјава за користење на лични податоци потпишана со цело име и презиме од родител – старател на ученикот.
- НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Ученикот треба да достави БАРАЊЕ кон кое ги доставува потребните документи наведени во условите и критериумите во Огласот за доделување награди на талентирани ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода.
Воедно треба да достави и ИЗЈАВА за обработка на личните податоци потпишана од родител/старател на ученикот.
Рокот за пријавување започнува од 30.05.2018 година и трае 5 дена од денот на објавувањето на огласот.
Барањата и изјавите со потребната документација да се доставуваат по пошта на адреса Општина Кисела Вода ул. “Петар Дeљан” бр.17, или во архивата на општината со назнака – “За избор на талентирани ученици” – Комисија за доделување на награди за талентирани ученици од општинските основни училишта на Општина Кисела Вода.
Барањето и изјавата се достапни на веб страната на општина Кисела Вода на следниот линк: